Search

Петровска: Најголемо национално предавство на ВМРО-ДПМНЕ е што во нивно време над 70.000 граѓани извадија бугарски пасош за да си отидат од државата

Кога збориме за сиромаштија, најголемо национално предавство се случи во време на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога повеќе од 70.000 македонски граѓани земаа бугарско државјанство од што им беше добро тука и избегаа од државата и реплицираше ностиелката во изборната единица шест Славјанка Петровска, на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМЕ во емисијата Клик плус на ТВ21.

Петровска ја праша Стојаноска зошто ВМРО-ДПМНЕ се противи за влез на Бугарите во Уставот но од страна на Стојаноска немаше конкретен одговор.

Петровска дополни дека со влезот на бугарското малцинство во Уставот конечно се затвора тезата за еден народ во две држави. 

Треба да знаете
Последни објави