Поврзете се со нас

АТП

Рафа беше во право: Надал не можеше да го следи ритамот на 11-от светски тенисер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал вчера првпат заигра на земјена подлога после 681 ден и оствари победа над Флавио Коболи, но најавата која ја направи за мечот од второто коло испадна дека беше целосно реална.

Шпанскиот тенисер се сомневаше дека ќе може да го следи ритамот на 11-от светски тенисер во овој момент, а неговите претпостави се остварија особено во ситуација кога се играше израмнето до самиот финиш на првиот сет.

Алекс Де Минор е во одлична форма и покажа дека во моментов е физички на неколку скалила погоре од „кралот на земјата“, кој денеска посебно енергетски падна откако го загуби првиот сет.

Надал се врати од негатива во оваа фаза од мечот и со три гејма во низа поведе со 4:3, но тогаш не искористи брејк топката и мечот почна да се префрла на спротивната страна.

Де Минор направи уште еден брејк и го доби првиот сет со 7:5, а во вториот го искористи големиот физички пад на Шпанецот за убедливи 6:1 и пласман во третото коло во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни