Будимир го изведе најлошиот пенал во историјата и ја подари победата на Валенсија (ВИДЕО)

Минимална победа на Валенсија на гостувањето кај Осасуна, но вредна три бода со кои тимот од Местаља дојде во ситуација да се бори за место во Европа идната сезона. Апсолутен трагичар е Анте Будимир кој го изведе еден од најлошите пенали во историјата на фудбалот, односно топката едвај се довлечка до голот, па Мамардашвили ја прифати топката.

Победата ја донесе Алмеида во 18. минута од средбата. Осасуна го имаше поседот на топката, имаше повеќе обиди, но без конкретна реализација, односно со само еден удар во рамките на голот. Но, имаа шанси и Гарсија и Будимир, а особено Херандо, меѓутоа се изнапромашија, а згора на тоа дојде и утнатиот пенал на Будимир во судиското надополнување.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...