На Црвениот плоштад во Моксва претпладнево се одржа воена парада по повод 79-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. На свеченоста во руската престолнина учествуваа над 9.000 луѓе и повеќе од 1.000 учесници во војната во Украина, над 70 парчиња техника, како и две воздухопловни групи на пилотска акробатика на руското воено воздухопловство.
Рускиот претседател во говорот ги обвини западните земји дека ризикуваат глобален судир и порача дека никому нема да му биде дозволена да се заканува на најголемата светска нуклеарна сила.