Челзи даде 6 гола, а Покетино се срами, сите зборуваат за бруката и инцидентот при пеналот (Видео)

Кавгата на фудбалерите на Челзи околу тоа кој треба да го изведе пеналот во 64-тата минута фрли дамка врз нивната победа од 6-0 над Евертон и стана главна тема во медиумите.

Кол Палмер, кој даде четири гола и сега е на делба на првото место на листата на стрелци во Премиер лигата заедно со Ерлинг Халанд, е редовен изведувач на пенали во Челзи. Синоќа ја зеде топката, но Николас Џексон, кој претходно даде еден гол, се обиде на сила да му ја грабне топката и тој да го изведе пеналот.

Палмер мораше да се одбрани и од Мадуеке, кој прв почна да се кошка со него. На крај, капитенот Конор Галахер ја смири ситуацијата, а Палмер шутна и даде гол, по кој налутениот Џексон не сакаше да му честита. Соиграчите сепак го однесоа до четирикратниот стрелец. Ситуацијата и туркањето може да ги погледнете ТУКА.

Менаџерот Маурисио Покетино рече дека ова е неприфатливо однесување.

„Не можам да прифатам вакво однесување. Им реков дека е последен пат да видам вакво однесување. Ако сакаме да бидеме одличен тим, треба да се промениме и да размислуваме како колектив. Изведувач на пенали е Палмер. Тој треба да одлучи дали сам ќе шутне или сака да му ја даде топката на соиграч. Мислам дека сфаќаат дека направија грешка. Срамота беше. Ние сме млад тим и треба да учиме уште многу. Сакам да им се извинам на навивачите“, рече Покетино. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести