Барселона подготвува два мега-трансфери во јуни!?

Барселона во стилот „топло-ладно“ со падови и подеми ја мина изминатата сезона. Токму поради тоа, и тоа како, се подготвуваат промени во играчкиот кадар низ престојниот летен преоден рок.

Каталонскиот тим како првобитна цел се насочува кон освежување на нападот затоа што Роберт Левандовски веќе има 36 години и не може да се очекува сам да ја изнесе сезоната. Па, пикот е фрлен на двајца напаѓачи кои во моментов играат во Премиерлигата.

Прва опција е офанзивецот на Ливерпул, Дарвин Нуњез кој зад себе има турбулентна сезона на „Енфилд“. Навивачите на Ливерпул сметаат дека промашувањата на Нуњез го чинеа тимот титула, а дека нешто не штима на релација Нуњез – Ливерпул покажа и последната реакција на Уругваецот кој од својот Инстаграм профил ги избриша сите слики од Ливерпул.

Втора опција за Барселона е Александер Исак од Њукасл. 26-годишниот шведски напаѓач вреди 70 милиони евра, а има договор со Њукасл до јуни 2028 година.

Се вчитува...