10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прилепчанецот што исчезна пред два дена пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска

Александар Јошески од Прилеп, кому му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат.

На „Фејсбук“ се огласи и ќерка му, која го објави и апелот за пронаоѓање на прилепчанецот.

„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас“, напиша Ана Марија Јошеска.

Како што додава Јошеска, погребот ќе се изврши денеска на новите градски гробишта во Прилеп.

„Телото ќе биде изложено во капелата на новите градски гробишта од 15 до 16 часот“, напиша таа.