Никој не сака да биде нивни тренер: Баерн доби „корпа“ и од славниот Французин

По многу трофејни години, Баерн Минхен е во опасност да заврши една сезона без освоен пехар. За најтрофејниот германски клуб единствена шанса останува Лигата на шампиони, каде игра во полуфиналето и тоа против Реал Мадрид.

По првиот меч, во Минхен резултатот беше 2:2, а реваншот се игра в среда на „Сантијаго Бернабеу“. Доколку Баерн не победи на едно од најтешките гостувања ќе ја заврши сезоната без пехар.

Поради лошата сезона, веќе подолго време се бара замена за тренерот Томас Тухел од кого се очекува да си оди од „Алијанц Арена“ на крајот од сезоната. Сепак, досега неколку тренери кои се споменуваа како наследници на Тухел, јавно кажаа дека не се заинтересирани да бидат на клупата на Баерн Минхен.

Последен во низата е Зинедин Зидан, човекот кој има работено само во Реал Мадрид и со Кралскиот клуб освои три титули во Лигата на шампиони. Освен што се заблагодари на понудата да биде тренер на Баерн, Зидан јавно кажа дека ќе навива за неговиот поранешен клуб Реал.

„Баерн Минхен? Фала на прашањето, ќе го гледам мечот. Се надевам дека Реал ќе победи, иако тоа ќе биде тежок и комплициран меч“, рече Зидан кој присуствуваше на Ф1 трката во Мајами.

Чаби Алонсо, Ралф Рангник, Нагелсман се само дел од тренерите кои одбија да го заменат Тухел на клупата на Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести