Загина украински градоначалник кој се борел на фронтот

од Nikola Popovski

Олександар Бакликов, градоначалникот на градот Лебедин во регионот Суми, загинал на фронтот, пишува „Украинска правда“. Бакликов служел во 47-та механизирана бригада на Вооружените сили на Украина.

„Украина загуби херој и патриот. Се уште не можам да верувам дека мојот колега, пријателот Олександр Бакликов, градоначалник на градот Лебедин, загина на линијата на фронтот“, соопштил Јуриј Бова, градоначалник на Тростјанац, пренесува „N1“.

Бакликов е роден во Лебедин, каде што работел како учител. Имал приватен бизнис и бил газда на две мали фирми. За првпат е избран за градоначалник во 2015 година. Тој повторно победил на изборите во ноември 2020 година.

На 13 септември 2022 година на својот Фејсбук објави дека им се приклучил на украинските вооружени сили.

„Нема поранешни падобранци. За мене, здрав, искусен падобранец, неверојатно е болно да ги закопаме нашите деца кои умираат за Украина, за секој еден од нас“, порачал тој тогаш.

Слични содржини