Поврзете се со нас

Англија

Артета му испрати порака на Покетино по историската победа над Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета го оствари тоа што го замисли и го зголеми притисокот врз Ливерпул и Манчестер Сити, откако неговиот Арсенал го декласираше Челси во големото дерби.

Не само што освои нови три бода, Арсенал ја поправи и гол разликата со триумфот од 5:0, а ако „топчиите“ добија големи пофалби за своето издание, гостите од западен Лондон се предмет на жестоки критики.

Се почесто на удар се наоѓа и Маурисио Покетино кој реши да застане во одбрана на своите фудбалери по срамното издание против Арсенал, но лошиот публицитет кој го добива Аргентинецот беше коментиран и од Артета.

Менаџерот на Арсенал покажа симпатии кон колегата и порача дека добро знае како е да биде на таа страна од приказната, бидејќи неизмерно тежок беше и неговиот почеток во Северен Лондон, кога се зборуваше и за експресен отказ.

– Имам големи симпатии кон Покетино како тренер, но и за сето она низ кое минува. Бев и на другата страна од приказната и знам низ што минува. Тој врши добра работа и имаше многу натпревари на кои требаше да победи неговиот тим.

– Се надевам дека работите ќе се свртат во негова полза и дека ќе го добие тоа што го заслужува. Навистина имам симпатии кон него и многу го почитувам. Му посакувам се најдобро во иднина, – порача Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни