Top Sport

Клинсман седна на клупата на Јужна Кореја

Германската фудбалска легенда, Јирген Клинсман, е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја. Тој стави потпис на договор до 2026 година и неговата мисија ќе биде да го одведе тимот на Мундијалот во 2026 година кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Германецот на селекторската позиција во Јужна Кореја доаѓа на местото на Пауло Бенто, кој си замина по поразот од Бразил на СП во Катар.

Клинсман претходно беше селектор на Германија од 2004 до 2006 година, како и преводник на фудбалската репрезентација на САД од 2011 до 2016 година.

Scroll to Top