Данска градинка осудена поради снимка од деца кои си играат во кал: „Важно е за нивниот сетилен развој“, наведе градинката

1370
Printscreen/Youtube

Скандинавските земји се познати по својот уникатен образовен систем, а неодамна на мрежите внимание привлече видео од деца во градинка во Данска.

Имено, на него се прикажани деца како си играат во кал, што за многу родители е сосем незамисливо, а описот ги истакнува придобивките што ги нуди за најмалите.

„Играњето и скокањето во кал е повеќе од забава – тоа е неопходно за сетилниот развој на децата. Кога децата се покриени со кал, тие ги вклучуваат сите свои сетила: допир, вид, мирис, па дури и звук“, наведуваат тие во описот на видеото на Инстаграм.

Подолу објаснија колку богато искуство може да биде ова за сите сетила:

„Од чувството на стискање меѓу прстите до земјениот мирис што го исполнува воздухот, играта со кал нуди богато сетилно искуство кое не може да се повтори во затворен простор. Дозволете им да го прегрнат нередот и да се нурнат во радоста на играта со кал – нивните сетила ќе им се заблагодарат за тоа“.

Видеото предизвика бројни коментари, а додека некои се прашуваа што би можеле да научат децата од таквото искуство, други истакнале дека нема да бидат воодушевени доколку нивните деца се појават во толку валкана облека.

Но, имаше и такви кои сметаа дека ваквите искуства се многу корисни за децата и изразија жалење што не се практика во повеќето европски земји.

Родителите од скандинавските земји истакнуваат дека тоа е вообичаена практика во градинките во овие земји и дека откако виделе валкана облека всушност знаат дека нивните деца се забавувале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Danish Way™️ (@thedanishway)