Top Sport

Гиљермо Очоа ја напушта Салернитана

Прославениот мексикански голман Гиљермо Очоа (38) на крајот од сезоната ќе ја напушти Салернитана.

Очоа веќе ги потпиша документите за раскин на договорот со клубот кој речиси сигурно од следната сезона ќе се пресели во Серија Б и се подготвува за нова авантура во импресивната кариера.

Искусниот Мексиканец во новиот клуб ќе дојде како слободен играч, без обештетување.

И покрај тоа што веќе има 38 години, Очоа се уште не размислува за пензија. Во текот на кариерата бранеше и за Стандард, Гранада, Малага и мексиканскиот клуб Америка.

За репрезентацијата на Мексико играше на пет светски првенства и забележа 150 настапи во националниот тим.

Scroll to Top