Навивачите на Реал почнаа да се собираат на плоштад, фудбалерите вечерва нема да се појават таму (Видео)

Фановите на Реал Мадрид почнаа да се собираат на плоштадот „Сибелес“ за да ја слават 36-тата титула во шпанската лига, Реал на четири кола до крајот го осигура првото место, но фудбалерите нема да им се придружат вечерва.

Тренерот Карло Анчелоти забрани прослава пред реванш мечот со Баерн Минхен од Лигата на шампионите, па официјалното славје со фановите ќе биде во некој друг термин, после дуелот со Баерн.

Играчите на Реал после победата над Кадиз, останаа на стадион и го гледаа мечот Жирона – Барселона. По триумфот на Жирона, стана јасно дека Реал е нов првак, па и играчите почнаа со своја мини-прослава.

https://twitter.com/i/status/1786833345726275746

Братот на Едуардо Камавинга прв објави снимки од славјето на фудбалерите на Кралскиот клуб.

За Реал веќе пристигнаа бројни честитки од многу страни, за титулата им честиташе и лутиот ривал Барселона.

- Оглас -

Најнови вести