Search
Светски ден на книгата и на авторското право

Предавања за Шекспир и Сервантес на Филолошкиот факултет во Скопје

Во вторник, на 23 април, љубителите на литературата ќе имаат можност да го прослават Денот на книгата и на авторското право и да ги проследат предавањата на два истакнати претставници H.E. Дејвид Гир, Амбасадорот на ЕУ во земјава и на H.E. Жосе Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Кралството Шпанија на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје.

Двајцата амбасадори ќе ја отелотворат симболичната приказна, генијалноста и влијанието на овие безвременски автори чии дела резонираат кај читателите од сите возрасти.

Датумот 23- ти април или „Денот на розите“ не е случаен. Во 1923 година, сопствениците на книжарници во Шпанија се собрале да му оддадат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на 23 април. Идејата била да се поттикне размената на книги наместо рози, како што се празнувало. А, датумот беше официјално признат како „Светски ден на книгата“ од УНЕСКО во 1995 година, поради фактот што се совпаѓа со смртта на авторот, како и на најголемиот драмски автор на сите времиња – Вилијам Шекспир.

Најново

Последни колумни