Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу денеска што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.

„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што е соопштено, за време на состанокот, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од дополнително зголемување на набавката на оружје, воена опрема и оружје, пренесува РИА Новости.

Текстот Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина е превземен од МАКФАКС.