Арсенал нема избор, мора да слави во големото лондонско дерби

1008 Арсенал – Челзи (21.00 часот)

Ова е заостанат натпревар од 29-тото коло од Премиер лигата во кој Арсенал нема друга опција освен победа доколку сака да остане во трката за шампионската титула.

Топчиите со победата од 2:0 на гостувањето кај Вулверхемптон се рехабилитираа за елиминацијата во Лигата на шампионите. По 33 кола, Арсенал заедно со Ливерпул се на лидерската позиција на табелата со еден бод повеќе од Манчестер сити, кој пак има натпревар помалку.

Челзи игра очајно сезонава и нема да игра во европските купови, но ова е најголемо лондонско дерби кое секогаш нуди големи возбудувања. На последните меѓусебни дуели доминира Арсенал, славеше на четири меча, а еден заврши без победник.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.90)

 

2621 Дегерфорс – Хелсингборг (19.00 часот)

Ова е натпревар од четвртото коло во шведскиот шампионат, и тоа меѓу екипи кои имаат идентичен скор и речиси идентична гол-разлика. И Дегерфорс и Хелсингборг по првите три кола имаат по една победа и две ремија, а гол-разликата е 5:3 за домаќинот и 5:4 за гостите.

Традицијата покажува дека на нивните дуели најчесто се игра „гол-гол“, дури на шест од осумте меча и двата тима постигнуваа голови. На последните два меча славеше Дегерфорс со идентичен резултат 2:1.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.09)

 

3040 Лацио – Јувентус (21.00 часот)

Ова е реванш-натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Јувентус славеше со 2:0 во првиот натпревар кој се играше во Торино. Титулата во Серија А е резервирана за Интер и Купот на Италија е последна шанса за Јувентус да освои трофеј.

Во момент кога настапот во Лигата на шампионите е обезбеден за Јувентус, за очекување е да фрли сè на Купот на Италија. Јувентус нема пораз на последните четири меча, притоа остварувајќи резултати карактеристични за стилот кој го форсира Масимилијано Алегри (2:0 со Лацио, 1:0 со Фиорентина, 0:0 со Торино и 2:2 против Калјари).

Интересно е што Јувентус последниот пораз (0:1) го доживеа токму од Лацио на „Олимпико“ во меч од Серија А. Лацио на последните два меѓусебни натпревари кои ги играл на „Олимпико“ славеше, и тоа со 1:0 и 2:1.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.18)

 

1719 Гренобл – Сент Етјен (20.45 часот)

Сент Етјен е вториот најтрофеен тим во Франција (10 титули, ПСЖ има 11), но најдобрите моменти ги имаше пред 4-5 децении, а сега се бори за влез во Лига 1. Сент Етјен се наоѓа на третото место на табелата во втората лига само со еден бод помалку од Анже, кој се наоѓа на позиција која носи директен пласман во Лига 1.

Гренобл по 33 кола е десетти на табелата и се наоѓа во безбедна зона, па бодовите му се многу поважни на Сент Етјен, кој мора да игра офанзивно и на победа. Сент Етјен на последните десет натпревари има осум победи и по едно реми и пораз, а дополнителен мотив за „зелено-белите“ е и поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната. На мечевите на Гренобл нема многу голови, на последните десет меча, само на два паднале повеќе од три гола, а идентично беше и на дуелите на Сент Етјен.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.75)

 

1901 А. Лустенау – Волфсбергер (18.30 часот)

Ова е натпревар од австриската Бундеслига меѓу екипа која е главен фаворит за испаѓање и екипа која се бори за пласман во европските купови. Домаќинот Австрија Лустенау е последна на табелата со пет бода помалку од претпоследниот Линц.

Волфсбергер се наоѓа на позиција која го носи и во квалификациите за пласман во Лигата на конференции. Интересно е што во разигрувањето за опстанок, ремито е најчест резултат, на последните пет меча домаќинот има три нерешени дуели и два порази, а гостите еден пораз и дури четири ремија. И меѓусебните дуели во последно време најчесто завршувале без победник, четири ремија и една победа на Волфсбергер и сите дуели биле „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ (1.89)

- Оглас -

Најнови вести