ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: СИТЕ КОИ СЕ ОГРЕШИЛЕ ПРЕД УСТАВОТ И ЗАКОНОТ ЌЕ ОДГОВАРААТ

Подигнување на урнисаните и уништени институции, жестока борба против криминалот и корупцијата, издигнување на достоинството на Македонија, тоа е враќање на државата на граѓаните, тоа е првиот чекор кон повторното бидување на нашата, мојата, твојата Македонија, Македонија на нејзините граѓани, рече во денешното обраќање Пеце Милевски, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата од петтата изборна единица.

„ВМРО-ДПМНЕ нуди длабоки реформи во правосудството. Независно судство комплетно ослободено од стегите и влијанието на извршната власт, преку нови системски решенија за трансформирање на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество и сигурност на секој граѓанин во државата.

Сите кои се огрешиле пред Уставот и законите во Македонија, особено оние кои незаконски се богателе на грбот на граѓаните, ќе одговараат“ вели Милевски.