Финансии / Банкарство

ДОЛАРОТ ВО ОСТАР ПАД, ЕВРОТО ЈА ПОДОБРУВА ВРЕДНОСТА

01.12.2024

Вредноста на доларот во однос на кошничката на валути минатата недела забележа остар пад, по тринеделен континуиран раст, додека курсот на еврото се зголеми откако го достигна најниското ниво во последните две години.

Индексот на доларот, кој ја изразува вердноста на американската валута кон шесте најважни светски валути , се намали за 1,6 отсто, на 105,80 поени.  

Курсот на еврото кон доларот се зголеми за 1,5 отсто и се разменуваше за 1,0575 долари. Доларот ослабна и во однос на јапонскиот јен за 3,2 отсто и се разменуваше за 149,75 јени.

Зајакнувањето на еврото се случува по пораките од Европската централна банка за забавување на темпото на намалување на каматните стапки.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО