Изложба на цртежи “Скици” во “Амам”

21

Во Уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, ќе биде поставена Изложба на цртежи „Скици

2022“.

Биеналната изложба на цртежи, на 4 март 2024 година, со отворањето во Гевгелија ќе го доживее своето 8. издание како проект на НУ Центар „Трајко Прокопиев“- Куманово, а во организација на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и НУ Музеј- Гевгелија. Отворањето на изложбата е закажано од 19.30 часот. „Скици 2022“ е континуиран напор за реализација на идејата- цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуелизиран и промовиран пред пошироката публика и ликовната критика.

Со свои цртежи, на изложбата се застапени следните академски ликовни уметници: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-

Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.