Утрински Весник
Македонија

Под мотото „5 до 12 за македонското здравство“ в понеделник приватните специјализанти ќе излезат пред ресорното министерство

Screenshot 2024 04 18 204131.png
Img 5587

Под мотото, „5 до 12 за македонското здравство“ в понеделник приватните специјализанти ќе излезат пред ресорното министерство. Собирот е за да ги види и слушне министерот за здравство Илир Демири за да се заземе за решавање на нивните проблеми околу поголеми плати и здравствено осигурување. -В понеделник повторно ќе се собереме на протест. Сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, изјави д-р Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина. Приватните специјализанти од понеделникот стапија во генерален штрајк. Не работат во амбулантите и не влегуваат во операционите сали. Најавија дека ќе штрајкуваат се додека не добијат пристојни месечни примања, наместо сегашните минимални 26.000 денари. Ставот на Министерството е да им се излезе во пресрет, но решение ќе има после изборите. На последната владина седница донесена е одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности. Во однос на двете барања на приватните специјализанти, Министерството за здравство известува дека дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10% од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи, бидејќи добиваат паричен надоместок.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати 

МВР и колегите од Турција ја договараат екстрадицијата на Палевски во Македонија