Утрински Весник
Магазин

Предупредувачки знаци на кожата кои укажуваат на алергија на алкохол

Allergy To Alcohol Symptoms And 1.jpg
Img 5587

Реакциите на пиење алкохол може да бидат различни, а многу луѓе имаат непријатен мамурлак и главоболка еден ден подоцна откако ќе испијат премногу чаши. Сепак, одредени луѓе може да имаат посилни и потешки реакции на алкохол, што исто така може да укажува на алергиска реакција. Докторката Ема Канингем ги издвои најчестите показатели и предупредувачки знаци на кожата кои укажуваат на можна алергија на алкохол.

„Некои поединци може да бидат алергични или нетолерантни на одредени состојки кои се наоѓаат во алкохолните пијалоци, што може да се манифестира преку кожни реакции“, посочува докторката.

Img 5587

Црвенило на кожата
Докторката тврди дека „алкохолот може да предизвика проширување на крвните садови, што доведува до црвенило на кожата, особено на лицето и вратот“. Оваа реакција е почеста кај луѓето со нетолеранција на алкохол, а е резултат на генетски недостаток на ензимот наречен алдехид дехидрогеназа 2 (ALDH2)“, пишува Express.

Недостатокот на овој ензим предизвикува телото помалку ефикасно да го метаболизира алкохолот, што доведува до ослободување на хистамин што предизвикува црвенило, истакнува Канингам.

Осип
Алергиската реакција на алкохол може да изгледа како онаа од коприва или уртикарија. Овој осип, кој изгледа како црвени плускавци на кожата, може да биде со различни форми и големини.

Според докторката, реакцијата „често е предизвикана од имунолошки одговор на одредени состојки во алкохолните пијалоци, како што се житарките, квасецот или сулфитите“.

Чешање
Алергијата или нетолеранцијата на алкохол може да предизвика и општо чешање кое може да се појави веднаш по пиењето алкохол или постепено да се развива со текот на времето, пренесува Express. Канингам објаснува дека „чешањето може да биде локално или да зафати поголеми делови од телото“.

Оток
Во некои потешки случаи, алергиската реакција на алкохол може да доведе до отекување на усните, јазикот, лицето или грлото. Лекарката посочува дека овој случај е познат како ангиоедем и може да биде сериозна алергиска реакција која бара итна медицинска помош. Во овие случаи, важно е да останете многу смирени и да отидете во најблиската болница што за да може реакцијата да се третира што е можно поскоро.

Ss1

Можете да прочитате

За здрави црева докторите препорачуваат кои пијалоци да не се консумираат

Најголема сина дупка откриена 420 метри длабоко во океанот, научниците сé уште не го достигнале дното

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови