АТП
Дел Потро изненади: Ќе се обидам да се вратам и да играм на Ју-Ес Опен поради Меси
Хуан Мартин Дел Потро понесен од фудбалската еуфорија во Аргентина вети дека ќе се врати на тениските терени доколку „гаучосите“ станат светски шампиони, па откако се случи тоа, пензионираниот тенисер се почесто е прозиван во јавноста.
Популарниот Делпо стави предвремен крај на својата кариера поради тешката повреда на коленото, па иако се чинеше дека неговиот крај е загарантиран, сега самиот призна дека ќе се обиде да направи исчекор, односно ќе се потруди да настапи на овогодинешното издание на Ју-Ес Опен.
Станува збор за турнирот на кој тој ја освои единствената грен-слем титула во кариерата, па навистина би било убаво и специјално да го видиме Аргентинецот во Њујорк на последниот грен слем во годината.
– Како што веќе реков, за мене никогаш нема да биде проблем да го фатам рекетот во раце и да пробам да играм, но ќе видиме што ќе кажат колената. Ќе се обидам да играм на Ју-Ес Опен, тој турнир е специјален за мене и ќе дадам се од себе за да се подготвам. Има доволно време, ќе почнам да тренирам и ќе видиме како ќе реагираат нозете.
– Лео Меси и останатите ме вратија на тренинг, поради нив ќе пробам да играм во Њујорк. Пред Катар не ми паѓаше на памет да се вратам да играм, но сега многу размислувам за тоа. Се уште чувствувам болка, но ќе видиме како ќе се развиваат работите. Јас ќе дадам се од себе за да се најдам на Ју-Ес Опен, – изјави Дел Потро.
-
Англијапред 20 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Англијапред 22 часа
Слот за можноста да седне на клупата на Ливерпул: Мојата одлука е јасна…
-
АТПпред 24 часа
Надал загуби само еден гејм и закажа битка со Де Минор во Мадрид (ВИДЕО)
-
Евролигапред 19 часа
Реал на чекор до фајналфорот, Панатинаикос израмни против Макаби (ВИДЕО)
-
Светпред 23 часа
Димитријевиќ даваше кошеви и разигруваше, Уникс блиску до полуфинале во ВТБ лигата
-
Лига на шампионипред 20 часа
Барселона со пеколно второ полувреме го разби ПСЖ, Веспрем во последната секунда го матираше Алборг (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став