Тренерот на ГКК Охрид Тони Стојаноски кој беше најмлад во конкуренцијата на оваа Прволигашка сезона претстојното лето ќе го има првиот странски ангажман.

Стојаноски ќе има можност да стекне нови искуства преку учеството на Летната лига во Португалија која ja организира спортската агенција ДДОСС. Настанот ќе се одржи од 23 јуни до 1 јули во гратчето Кастело Бранко, на границата со Шпанија и на него е планирано, меѓу другото, да присуствуваат голем број важни тренерски фигури од португалската и европската кошарка, а натпреварите ќе ги водат Евролигашки судии. Нашиот стручњак ќе го предводи тимот на Коимбра Оулс и ќе биде четврти странски тренер кој ќе учествува во Летната лига на Португалија, информираат од ГКК Охрид.

И покрај ангажманите во Португалија и со У-16 репрезентацијата Стојаноски останува на кормилото на Охрид и идната сезона.

OhridNews