Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски e светски професионален шампион на ВАКА ПРО, во категорија К1 со 88,6 килограми, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли.

Борбата мина во силен интензитет, со голем број удари и близина на двајцата борци, а на крајот на шампионскиот појас се радуваше најдобриот македонски спортист.

Претходно, македонскиот кик-боксер Димитар Ѓорѓиев беше поразен со судиска одлука од Србинот Никола Миљковиќ, откако нашиот натпреварувач два пати беше на подот, но издржа и докрај ја одработи борбата.

Фото: Петр Стојановски