Борусија се врати на Вембли, гигантите од Дортмунд уште еднаш го совладаа ПСЖ и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите

862
EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Храмот на фудбалот изгледа е судбината на Борусија – великанот од Дортмунд во 2013 година го одиграа финалето на „Вембли“ и загубија од Баерн, а 11 години подоцна повторно ги отворија портите на познатиот стадион во Лондон.

Борусија повторно е во финалето на Лигата на шампионите, откако на својот стадион славеше со 1:0, екипата на Един Терзиќ со истиот резултат го совладаа и Пари Сен Жермен во реваншот.

ПСЖ беше замолчен со скок од небо во 50. минута од легендата на Борусија, Матс Хумесл – неговиот гол со глава го отвори патот кон Лондон…

После тоа ПСЖ имаше многу шанси, на овие два меча шест пати ја погоди рамката од голот, но во 180 минути не ја затресе мрежата на ривалот и Борусија заслужено оди во финалето.

Таму, како и во 2013 година, ќе играат со Баерн или, сепак, со Реал – второто полуфинале е закажано за утре во Мадрид – првиот меч заврши 2:2.