Три тешки сообраќајни несреќи со пет жртви за само четири месеци на експресниот пат Штип – Кочани, кои се причините?

Три сообраќајни несреќи и пет жртви на експресниот пат Штип – Кочани за само четири месеци. Кон црниот биланс се додаваат и двоцифрен број повредени и тешко повредени лица, учесници во сообраќајните несреќи. Брзо возење, возење под дејство на алкохол или нешто сосем трето е причината за сообраќајните несреќи со фатални исходи ги прашавме граѓаните на терен. Поголемиот дел од нив возачи кои имаат возено по експресниот пат Штип Кочани велат дека најголемата причина за несреќа е непочитувањето на прописите во сообраќајот, односно брзото возење. Во склоп на ова е и возењето под дејтво на алкохол.

„Заради брзо возење. Мислам дека непрописно возат возачите и затоа за жал има толку сообраќајки. Патот е сега нов направен, идеален е, сум возел и знам каков е. Само брзо возење или под дејство на алкохол и доаѓа до сообаќајка.“ – велат граѓаните.

Поголеми казни или поставување на камери – ова се можните решенија според граѓаните со кои би се намалил бројот на сообраќајни несреќи, пред се несреќи со жртви.

Од СВР Штип според статистиката истакнаа дека во првите четири месеци од 2024 години се регистрирани три сообраќајни несреќи во кои има пет жртви. Едната беше на територија на Кочани со две жртви и седум повредни лица, втората кај индустриската зона кај Штип, со две жртви и последната пред само два дена кај клучката кај Крупиште со едно починато лице.

Лаура Стојанова М-Нет