Свет

(Видео) Забележан вртлог на северот на Јадранот

По Италија и Словенија торнадо и кај Дубровник

Во заливот на заливот Трст на северот на Јадранот вчера попладне во близина на границата со Словенија се формирал вртлог, јавува N1 Словенија. Засега нема извештаи за штети.

Вчера во раните попладневни часови се појави виор на словенечко-италијанската граница. Според првите информации излетало на брегот кај градот Миље, а потоа тргнало кон Јадранското Море каде се распаднало.

Како што пренесува весникот од Трст, Пиколо, невремето не предизвикало материјална штета, ниту му се заканувало на населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристаништето не била потребна.

Италијанската метеоролошка агенција Арпа му објаснила на Пиколо дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.

Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив. „Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вирови, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.

Метеорологот Блаж Штер изјави за N1 дека малите торнада се честа појава долж брегот на Јадранот. „Оваа се разви од туш, а атмосферата не беше особено нестабилна“, додаде тој.

На почеток