Поевтинуваат горивата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цените на горивата се намалуваат од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денари, и од утре ќе изнесува 86 денари. ЕУРОСУПЕР 98 се намјалува исто така за 1,5 денари, и ќе се продава по цена од 88 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 74,5 денари по литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство од утре ќе се продава за 74 денари, или за 1,5 денари поевтино од претходно. Мазутот се намалува за 0,8 денари, и од утре ќе продава по цена од 45.8 денари по килограм.