Вести Македонија Топ вести

Се качила на задна врата, автобусот тргнал и паднала на улица – 20-годишна скопјанка со тешки телесни повреди

Дваесетгодишната Н.М. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, откако, според пријавата во полицијата, вчера на булeварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот. 

Повредите и биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

„На 25.03.2023 во 07:20 часот било пријавено дека во Скопје на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ на автобуска постојка, Н.М. (20) се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје, управуван од З.Н. (62) од Скопје, и откако автобусот се придвижил, паднала на коловозот. Таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информира Министерството за внатрешни работи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе