Top Sport

Меси е пред преселба во Интер Мајами, ќе стане најплатениот играч во МЛС лигата!

Лионел Меси е пред потпис со клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами за преселба во американската МЛС лига, каде што ќе биде најплатениот фудбалер во лигата, тврди британскиот „Тајмс“.

Според нивните извори, 35-годишниот Меси не планира да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен, кој му истекува во текот на летото и ќе ја оствари својата долгогодишна желба за преселба во САД. Тој веќе има луксузен апартман вреден 6 милиони долари во Мајами и честопати е на Флорида на одмор со своето семејство, а претходно изјавуваше дека би сакал да живее во САД поради образованието на неговите деца.

47-годишниот Бекам, пак, има директна врска со катарските газди на Пари Сен-Жермен со тоа што веќе настапуваше за францускиот клуб, а исто така е амбасадор на Светското првенство во оваа земја, а врската со Меси е преку „Адидас“, кои имаат договор со двајцата фудбалери.

Според „Тајмс“, за да му „угодат“, Интер Мајами се подготвени да ангажираат двајца негови поранешни соиграчи и блиски пријатели во тимот – Луис Суарез и Цеск Фабрегас. 35-годишниот Суарез е слободен играч по крајот на договорот со уругвајскиот Насионал, додекаа 35-годишниот Фабрегас во текот на летото се пресели од Монако во италијанскиот второлигаш Комо, каде што стана и акционер на клубот.

Scroll to Top