Цените во маркетите оган и пламен, инфлацијата расте и долговите се зголемуваат

Оган и пламен се цените, пензии и плати ниски, велат денес анкетираните штипјани за М-Нет телевизија. Посочуваат дека тешко е да се живее во вакви услови кога цените во маркетите драстично се зголемуваат, а пензиите и платите не мрднуваат.

„Цените во маркетот се зголемени и тоа многу, исто, намалување нема ништо. Е како не се задолжуват, има долгови како нема. Ние сега пензионерите и младите ги издржуваме“

За некој тежок за некој жежок убав, за старите слабо, слаба пензија.

„Огин и пламен,пари пензии. Не од каде младите пари, ако немаат старите да им дадат од каде младите.Скапо е за нас пензионерите е многу скапо. Ако треба едно кило ќе земеш половин кило, ако требаат две кила ќе земепш едно кило.

„Скапо е тешко се мине од први до први. Луѓето што ги знам, знам дека се задолжуват, зимаат брзи кредити за да има да се прехранат, повеќето се така.“

Воедно велат дека има семејства кои се задолжуваат да го преживеат месецот, да се преживее со минамлните услови, вадат кредити и тоа е многу лошо. Лошото е во тоа што истите немаат пари да се прехранат, а ниту пак да ја исплатат месечната рата од платата.

„Како не достигнуват, не сме имале никогаш повеќе, сега сите пазаруват, сите си пазаруват, сите си зимат. Сите млади одат во кафичите за една чаша и една сламка одозгоре даваат по 120 денари, па ние никогаш тоа не сме го доживеале“

Мислењата на штипјани се спротиставени. Има и такви кои велат дека досега не сме имале никогаш повеќе, сите пазааруваат и купуваат што им душа сака. Децидни се дека младите не работат, своите пари ги оставаат по кафичи, просечно за една чаша и сламка одозгоре даваат по 120 денари, а тоа во минатото не го доживеале.

Лаура Стојанова, М-Нет