Драматична и хаотична вечер во Серија А донесе конечна разврска околу патниците во Лигата на шампионите, а најголемите губитници се Милан и Јувентус. Иако градското дерби меѓу Торино и Јувентус беше одложено за еден час поради сериозните инциденти и судири меѓу навивачите, борбата за топ четири доби разрешница уште пред крајот на таа средба. Милан имаше сè во свои раце пред последното коло. Тимот на Масимилијано Алегри важеше за голем фаворит ...
Екипата на Комо успеа да дојде до сензационален пласман во Лигата на шампионите, откако славеше со 1-4 на гостувањето кај Кремонезе, а Милан беше шокиран на домашен терен од Каљари. Комо со победата дојде до 71 бод, колку што може да има и Јувентус доколку слави над Торино, но јасно е дека екипата на Фабрегас без оглед на резултатот во Торино ќе играат во Лигата на шампионите. Во прилог им одеше и резултатот од мечот помеѓу Милан и Каљари, ...
Седумкратниот шампион на Европа, тимот на Милан беше шокантно поразен од Каљари на својот Сан Сиро со резултат од 2:1, и со тоа остана без место во најсилното фудбалско натпреварување во светот. Иако поведоа во 2-та минута кога Салемаекерс постигна гол по асистенција од Хименез, „росонерите“ дозволија да бидат посрамени и да загубат од Каљари со што не успеаја да се квалификуваат ниту за место во Лигата на шампионите. На крајот, екипите на ...

