Реми на Текстилец и Овче Поле во Штип, Радовиш го декласираше Шампион

ФОТО: Телевизија М Нет

Изминатиот викенд беа одиграни натпреварите од 7. коло од плеј-аутот и плеј-офот од Првата ракометна лига на Македонија.

Во плеј-аутот дербито на колото се играше во Штип каде Текстилец и Овче Поле ремизираа играјќи 27:27.

Филип Џинес беше најдобар кај Текстилец со девет гола, а па кај гостинот се истакна Стојанче Ристов со осум гола.

Астраион го декласираше Преспа Вардар со 40:36, а пак Партизан го доби Кичево со 28:26. Во оваа коло слободна беше екипата на Борец од Велес.

Во плеј-офот Радовиш запиша најубедлива победа откако со 22:32 или десет разлика славеше над Шампион во гости. Двајцата тренери Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев го вратија Радовиш одново во игра за второто место и баражот за влез во Суперлигата.

Најдобар кај Шампион се седум гола беше Стефан Огненовски, додека пак кај Радовиш најдобар стрелец беше Зоран Стојановски со девет погодоци, седум имаше штипјанецот Васе Петров, а пак пет гола постигна Костадин Ѓоргиев.

Македонија ЃП дома загуби од Младост од Богданци со 28:31, лидерот и фаворит Бисинов со 26:23 го доби дуелот со Јехона, а пак Драчево загуби убедливо од Металург.

Александар Ванев, М-Нет