Два нови филма се снимаат за Киро Глигоров – се одбележуваат 107 години од неговото раѓање

Два нови филма се снимааат за Киро Глигоров, а од пет до шест илјади посетители годишно ја посетуваат спомен собата на првиот претседател која се наоѓа во мултимедијалниот центар Киро Глигоров во Штип. Ова го покажуваат доказите од претходниот роденден на Глигоров до денеска. Рекордена посета од 400 луѓе во еден ден и уште поголема заинтересираност за неговиот живот и дело – Кирил Панајотов вели дека радува фактот за заинтересираноста на нашите граѓани, но и странци кои овде се често.

„Практично како одминува времето, пораките и она што го говореше претседателот Глигоров станува се по актуелно и поинтересно. Последната година два филма се снимаат за Глигоров. Секојдневно имаме посети и годишниот просек е пет до шест илјади луѓе.“ – вели Панајотов.

Овој ден спомен собата на Глигоров е отворена за сите посетители во мултимедијалниот центар. Цел ден се прикажува и филмот посветен на Глигоров неговиот живот и дело.

Киро Глигоров е роден 1917 во Штип, а почина 1 јануари 2012 година во Скопје. Глигоров беше Претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 до 19 ноември 1999 година.

Лаура Стојанова М-Нет