Денеска се одбележуваат 44 години од смртта на доживотниот претседател Јосип Броз Тито

Јосип Броз-Тито  ( 7 мај 1892 — Љубљана, 4 мај 1980) бил  комунистички политичар и доживотен диктатор на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.[1] Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на Партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил Премиер на Југославија, а подоцна и Претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.


Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

Титовото владеење се потпирало на постојано јакнење на култот кон неговата личност, почнувајќи од времето на Втората светска војна, па сè до смртта во 1980 година. Изградбата и промоцијата на култот кон Титовата личност во периодот на неговото владеење одела во две насоки:

  1. Безмилосно справување со политичките и идеолошките противници, и
  2. Континуирана промоција на успесите и визионерството преку образованието и медиумската пропаганда.

Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Еден од успесите на југословенската власт на чело со Тито, пред сè во периодот до крајот на 1960-тите, беше градењето на братството и единството помеѓу југословенските народи и народности. Но, од крајот на 1960-тите национализмот беше во постојан пораст за на почетокот од 1990-тите да доведе до распад на Југославија.

За време на неговиот живот, а особено во првата година по неговата смрт, неколку места се именувани по Тито. Во Република Македонија градот Велес во чест на Тито одреден период го носеше називот „Титов Велес“.

Лаура Стојанова М-Нет