Салах испиша историја, направи нешто што никој пред него не успеал во Премиер лигата

Ливерпул останува со математички шанси да биде во трка за титулата во Премиер лигата, откако на свој терен со 4:2 го победи Тотенхем, а главен на теренот беше Мохамед Салах. Египетскиот напаѓач го даде првиот погодок, а потоа асистираше и за четвртиот гол на Ливерпул.

Со овој скор, Салах постави еден интересен рекорд и постигнување што не му успеало на ниту еден друг фудбалер претходно во Премиер лигата. Тој е првиот фудбалер кој три сезони по ред завршува со 10+ голови и 10+ асистенции.

Едноставно Салах успеа да направи „трипл дабл-дабл“ и тоа на првиот меч откако се случи скандалот кога голгетерот влезе во конфликт со тренерот Јирген Клоп.

- Оглас -

Најнови вести