На местото на заседата кај Вејце делегација на Достоинство положи свежо цвеќе

Делегација на Достоинство предводена од Стојанче Ангелов утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осуммината загинати бранители, убиени во крвавата заседа кај село Вејце пред 23 години.
На Фејсбук објавата Ангелов напиша:

„Да не се повтори, да не се заборави!
Игор Костески (26) од Скопје,
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24),
Бошко Најдовски (24) и
Марјан Божиновски (27),
сите од Битола.
Вечна ви слава, херои македонски“!

Масакрот се случи на 28 април 2001 година, во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.