• петок, 17 мај 2024

Барселона потпиша нов договор со тинејџерот Кубарси

Барселона потпиша нов договор со тинејџерот Кубарси

 

Барселона, 9 мај 2024 (МИА) – Младиот шпански фудбалер Пау Кубарси го продолжи договорот со Барселона до 2027 година, објави денеска каталонскиот гигант.

„ФК Барселона и стоперот Пау Кубарси постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, што ќе го врзе со клубот до 30 јуни 2027 година“, соопшти Барселона.

Клубот додаде дека откупната клаузула за 17-годишниот Кубарси изнесува 500 милиони евра.

Кубарси, кој потекмува од академијата Ла Масија, заедно со 16-годишниот напаѓач Ламин Јамал, се новите лица во подмладениот тим кој го предводи Чави. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан