Search

Влијанието по задравјето на овошните сокови и енергетските пијалоци

Важно е да се биде свесен за влијанието што храната и пијалоците можат да го имаат врз нашето здравје и тело. Ако не внимаваме, можеме да додадеме неочекувано количество калории, шеќер и други адитиви во нашата исхрана преку пијалоците што ги пиеме. Исто така, постојат многу пијалоци за кои можеби не сме ни свесни дека можат да влијаат на нашето здравје и фигура.

Затоа, диететичарите Келси Батлер и Крутика Нанавати откриле два такви пијалоци.

  1. Овошни сокови
    Многумина од нас го сметаат овошниот сок за здрав пијалок. Сепак, вистината е дека овој пијалок е натоварен со шеќер. Конзумирањето големи количини на овошен сок може да доведе до значителен внес на шеќер, што е директно поврзано со таложење на стомачни масти, предупредува Нанавати.

Плус, сиот тој шеќер може да доведе до низа други проблеми, вклучително и дигестивни проблеми како надуеност.

  1. Енергетски пијалоци
    Кога ни треба зголемување на кофеинот, понекогаш посегнуваме по енергетски пијалоци. Сепак, „газираните енергетски пијалоци можат негативно да влијаат на здравјето на цревата бидејќи можат да предизвикаат стомачни тегоби и да ја попречат апсорпцијата на хранливи материи“, предупредува Батлер.

Карбонацијата во овие пијалоци, заедно со одредени состојки, може да предизвика надуеност и зголемување на телесната тежина.

Извор: index.hr

Најново

Последни колумни