Утрински Весник
Македонија

Митрески: Гласот за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

1 Ovanmitreski04.05.jpg

Носителот на Изборната единица 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, денеска се обрати на граѓански собир во Кичево, каде ги повика Кичевчани да гласаат за број 1, за подобра иднина, за европски вредности и за подобар животен стандард. 

„Денеска, кога одбележуваме 121 година од смртта на нашиот херој, нашиот револуционер и борец за самостојна Македонија, великанот Гоце Делчев, можеме да кажеме дека неговата заложба за самостојна, независна, суверена Македонија, но и Македонија која е рамноправен партнер со најголемите демократски европски и светски сили е исполнета. Станавме членка на НАТО, го чекориме патот кон полноправно членство во ЕУ”, рече Митрески. 

Тој нагласи дека нашиот идентитет е потврден, нашиот македонски јазик е заштитен и светски признат, рамноправен со јазиците на сите земји членки на Европската унија.

„За тоа се бореше Гоце Делчев, за тоа се бореа и животот го дадоа уште илјадници наши херои од револуционерната борба, но и во втората светска војна. Нема откажување од иднината која овозможува подобар животен стандард на сите граѓани на оваа наша преубава земја. Гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори”, нагласи Митрески.

Можете да прочитате

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа