Анчелоти за спорната ситуација на дербито: Без доказ не може да има гол

Вечното шпанско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона во 32. коло од шпанското првенство заврши со „кралска“ победа од 3-2 благодарние на голот на Џуд Белингем во втората минута од судиското продолжение на второто полувреме.

Сепак возбудата на теренот не помина без контроверзија откако во првото полувреме голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин мораше да ја вади топката од гол линијата по обидот на Ламин Јамал. А, со оглед на тоа што во Ла Лига не се применува технологијата „гол-линија“, по прегледот на снимката ВАР немаше доволно докази за да биде досуден гол за Барселона.

Голманот на каталонците Марк Андре тер Штеген и тренерот Чави по натпреварот упатија критки кон раководството на првенството кое одбива да ја имплементира технологијата со образложение дека истата многу чини, а според Карло Анчелоти воопшто нема простор за контроверзии.

„Секој има право на свое мислење. Ова беше компликуван натпревар од високо ниво. Сметам дека Ламин Јамал не постигна гол. Нема чиста слика и доказ дека топката ја премина гол-линијата“, изјави италијанскиот стратег кој потоа се осврна и кон пеналот досуден за неговиот тим.

„Пеналот? Се беше чисто тука“

Се вчитува...