Утрински Весник
Балкан

Косор: Објавата на Уставниот суд за Милановиќ е застрашувачка

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Поранешната хрватска премиерка и лидерка на владејачката ХДЗ Јадранка Косор изјави дека денешната објава на Уставниот суд за улогата на претседателот Милановиќ во кампањата на парламентарните избори е застрашувачка.

„Уставниот суд не може да биде над волјата на граѓаните. Удар. Доловиќи се задоволни“, објави поранешната премиерка на Х.

„Тоа се застрашувачки изјави дека можат да ги поништат и одлуките на хрватскиот Сабор! Па, тоа е целосно неуставно. Судиите избрани од Саборот не можат да ги поништат одлуките на Саборот за избор на премиер“, додаде таа.

„Сите избрани претставници кои навистина се грижат за иднината на Хрватска сега треба да се соберат, да го конституираат Парламентот и да се спротивстават на ова неуставно самоволие“, додаде таа подоцна.

За потсетување, првиот човек на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, денеска изјави дека претседателот Зоран Милановиќ не може да биде кандидат за мандатар за состав на влада, ниту да биде премиер, нагласувајќи дека секое друго толкување го загрозува повеќепартискиот парламентарен демократски уставен поредок и владеењето на правото.

Можете да прочитате

Франција, Германија и Италија го информираа Курти дека не го исполниле условот за членство во Советот на Европа

Вучиќ: Ќе го посетам Фицо

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ