Во Кенија се урна хеликоптер со неколку воени службеници меѓу кои и шефот на воените сили на земјата

23

Хеликоптер со неколку воени службеници, вклучувајќи го и шефот на воените сили, генерал Френсис Омонди Огола, се урна на западот на земјата, изјави полициски извор за AFP.

„Хеликоптерот се запали по падот, а во него имаше повеќе од десет високиafp команданти, меѓу кои и генералот Огола“, изјави за AFP висок офицер на националната полиција.

Пет војници загинаа, изјави полициски извор за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен. Уште тројца војници во хеликоптерот се повредени и пренесени во болница, рече тој.

Кенискиот претседател Вилијам Руто свика итен состанок на Советот за национална безбедност по падот на воениот хеликоптер на западот на земјата, соопшти претседателството.

Портпаролот на претседателството преку мрежата Х објави дека вечерва во Најроби е свикан итен состанок на Советот за национална безбедност по падот на хеликоптерот на кениските вооружени сили во областа Елгејо-Мараквет, 400 километри северозападно од Најроби.

Тој додаде дека воените функционери биле во таа зона во безбедносна мисија бидејќи војниците на кениските вооружени сили се распоредени во тој регион, каде што дејствуваат бандитските групи.