Отворена полициска истрага против контроверзните браќа Јокиќ по нападот на навивач на трибините… (ВИДЕО)

Денвер поведе со 2-0 против ЛА Лејкерс во плеј-оф серијата во НБА лигата, но место јавноста да заборува за новиот „трипл-дабл“ на Никола Јокиќ, во фокусот се неговите браќа кои предизвикаа инцидент по завршувањето на мечот.

По една расправија на трибините, најстариот брат на Никола, Страхиња Јокиќ удри со бокс противнички навивач, за да потоа целата ситуација се појави и на социјалните мрежи.

Токму поради тоа се огласи и полицијата од САД која информираше дека е отворена истрага против Страхиња Јокиќ, а исто така и од НБА лигата соопштија дека најверојатно на Страхиња ќе му биде забранет влез на останатите натпревари на Денвер оваа сезона.

„Во овој момент нема поднесено пријава од лицетот кое беше удрено. Го истражуваме инцидентот и активно работиме на идентификација на човекот кој е нападнат. Сакаме да ги охрабриме сите кои биле сведоци и знаат нешто повеќе да се јават во станица“ – објави полицијата.

Браќата Јокиќ од поодамна се познати по своето контроверзно однесување. Ова не е прв испад на браќата Јокиќ кои години наназад привлекуваат внимание по бројните инциденти во кои се вклучени.

Пред две години Страхиња и Немања по мечот на Денвер со Оклахома беа прилично бесни сакајќи и да се пресметаат со судиите, но беа спречени во тоа. За Страхиња пред три години имаше и кривична пријава затоа што нападнал девојка во својот стан не дозволувајќи и долго време да го напушти истиот. Потоа, доби само условна казна од судот.

Се вчитува...