Тројца министри во црно дале десетици милиони а не можат да соберат 10 луѓе за сликање (ФОТО)

Тројца министри во владата на СДСМ и ДУИ Бисера Костадиновска Стојчевска, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски не можат да најдат десет граѓани за да се сликаат на настан на кој се фалат дека потрошиле милиони.

Министерката за култура, шефот на полицијата и првиот земјоделец на настан во Битола за своето пропагандно сликање собрале верувале или не само 8 луѓе од кои едниот не се гледа на сликата затоа што седи во позадина и не гори од желба да се слика со нив.

Иако тројцата министерот по признание на министерката за култура дале десетици милиони за културата во нејзиниот роден град не можат да соберат ни 10 луѓе за сликање.

Посебна приказна од објавените фотографии е црната гардероба на сите тројца членови на владата.

,,Над 9️⃣3️⃣ милиони денари за поддршка на културата во Битола и младите битолски уметници.

Вложуваме во младите и ги препознаваме нивните иновативни идеи. Ги поддржавме младите уметници и на конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 година на моја иницијатива, со цел да се афирмира македонскиот јазик и кириличното писмо.

Повеќе од 8️⃣6️⃣ милиони денари се вложени само за поддршка на програмите на Националните установи во Битола, а со скоро 7️⃣ милиони денари беа поддржани проектите на другите корисници.

Инвестираме и се грижиме за културата. Ја продолжиме оваа пракса, преку поддршка на проекти, да ги поттикнуваме институциите и уметниците да творат и да ги афирмираат нашите културни вредности дома и надвор од државава”, стои во објавата на министерката.

На две од фотографиите се гледаат само тројцата министри.

Најнови статии

Потенцијалниот технички премиер и можен кандидат за црната листа на САД на мака

Груби пред нова огромна афера вредна 150 милиони евра (ТВИТ НА ДЕНОТ)