Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Што ветуваат претседателските кандидати за младите?

Национални политики за намалување на трендот на миграција, воведување позиција советник за млади, истражувачки центар за млади, државен план за задржување на младите се само дел од ветувањата во изборните програми на претседателските кандидати.

Некои од кандидати и воопшто не ги споменале младите, но колку генерално младите се застапени во сите изборни кампањи, пренесуваме во продолжение.

Што ветуваат претседателските кандидати за младите?

 2. Единствениот македонски метал фестивал „Metal Discharge“ за првпат ќе трае две вечери

„Местото каде што спојот на енергијата, емоциите и внатрешниот порив да се каже она што ни лежи на душа се разлеваат во зоната на празнење. Овде, секој миг е одраз на чистата мисла, искрената љубов и страст кон музиката. Борбата за подобро утре никогаш не престанува! Конечно нашиот сон се исполнува. Два дена со многу бендови, секој спремен да ја разоткрие својата уникатна приказна“, велат организаторите во најавата за петтиот „Metal Discharge“ во Битола, единствениот фестивал во Македонија за авторска метал музика.

На журката која првпат ќе трае два дена (7 и 8 јуни) ќе настапат 14 бендови кои свират различни метал-правци, а голем дел од нив ќе ги промовираат своите нови албуми.

„И двата дена журката ќе започне од 19:30 часот и ќе има по 7 бендови од вечер“, истакнува Антонио Талевски, еден од организаторите, во разговор со Радио МОФ.

Единствениот македонски метал фестивал „Metal Discharge“ за првпат ќе трае две вечери

3. YouThink: За поголем интерес за новинарството се неопходни подобри услови

Каква е иднината на новинарството и колку младите се заинтересирани за оваа професија? Што треба да се смени на самите факултети за новинарство за да се задржат студентите, но и како да се зголеми интересот за студиите? Каква пракса е потребна и каков треба да е пристапот на самите факултети?

На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот YouThink подкаст, каде зборувавме за новинарството и иднината на новинарството со студентите Милош Стојановиќ, Тео Николовски, Мила Тодоровска и Теа Димковска. Четворицата беа вклучени во проектот „Медиуми 2040: Охрабрување на младите застапници за медиумска слобода на Западен Балкан“, па од нив дознаваме и како биле вклучени во него и што научиле.

YouThink: За поголем интерес за новинарството се неопходни подобри услови

4. [Видео] Инсталации од современи бајки за пет македонски хероини ќе се вдомат во културно-образовни институции

Десет средношколки беа дел од работилница за креативно пишување во организација на „Дума ин Сума“, по што напишаа бајки за македонските хероини од историјата.

„Дума ин Сума“ е неформална иницијатива за култура составена од Марија Бошковска и Ивана Смилевска и визуелниот уметник Дарко Алексовски. Под нивно менторство, младите за време на работилницата се запознаа со бајки од цел свет, но и мимовите, активизмот и не-толку-познатата македонска, женска историја.

[Видео] Инсталации од современи бајки за пет македонски хероини ќе се вдомат во културно-образовни институции

5. Повеќе од 350 емоционално вознемирени деца и млади се обратиле на телефонот за поддршка „Ало Бушавко“ во 2023 година

379 деца и млади, од кои 251 засегнати од емоционална вознемиреност, минатата година се обратиле на телефонската линија за поддржување, насочување и лобирање деца и млади „Ало Бушавко“ при Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Дополнително, велат тие, како причина за емоционална вознемиреност се појавуваат и односите во образовниот процес, односно врсничките односи и односите со наставниците.

Од децата и младите, 117 се машки, 107 девојчиња, а за 155 деца полот е непознат. Најмногу од дојавите се однесувале на деца на возраст од 13 до 15 години. Најголемиот број од децата или 197 живеат во урбана средина, а 230 од вкупниот број се Македонци, 33 Албанци и 14 Роми.

Повеќе од 350 емоционално вознемирени деца и млади се обратиле на телефонот за поддршка „Ало Бушавко“ во 2023 година

Бонус:

#ПетАлбумиЗаПоДома на Хана Корнети

#ПетАлбумиЗаПоДома на Хана Корнети

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Елена Тодоровска

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Елена Тодоровска