Свет

Ердоган оди во Америка

Ердоган: ЕУ ќе го одложи членството на Украина и Молдавија, Турција тоа одамна го заслужува

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се подготвувс за официјална посета на Вашингтон, каде на 9 мај во Белата куќа ќе биде примен од неговиот американски колега Џо Бајден, соопшти денеска официјален извор.

Тоа ќе биде прва средба на овие двајца претседатели во Белата куќа.

Ердоган претходно беше примен од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Односите меѓу Вашингтон и Анкара неодамна се подобрија кога Турција, членка на НАТО, го одобри влезот на Финска, а потоа и на Шведска во алијансата, по 20 месеци двоумење.

Како знак на поддршка, Бајден во јануари, а потоа и Конгресот на САД во февруари ја одобри продажбата на американски борбени авиони Ф-16 на Турција, со што стави крај на месечните расправии меѓу Вашингтон и Анкара околу ова прашање.

To Top