Култура Топ вести

Поединци од Министерството за култура со закани за кривични пријави до директорите на национални установи ако изготват плати со 12% покачување

Синдикатот за култура реагира дека директори на установи од културата биле изложени на притисоци од поединци во Министерството за култура , да не ги зголемуваат мартовските плати на вработените за 12%, што им следуваат, согласно Општиот колективен и Колективниот договор за култура. Од Синдикатот велат дека се работи за поединци кои вршат опструкции откако е потпишан Колективниот договор за култура и најавија јавно објавување на нивните имиња, доколку продолжат притисоците. Од ресорното министерство со одговор дека платите во културата ќе пораснат за 12%, колку што побараа од СКРМ и дека тие поединци припаѓаат на струја , на која и пречи враќањето на достоинството на културните работници.

Иако од Министерството за култура во средата кажаа дека мартовските плати на вработените во институциите од културата ќе бидат зголемени за 12%, согласно Општиот колективен и Колективниот договор за култура,  отфрлајќи ги стравувањата на Синдикатот за култура дека ќе нема покачување за 10%, што им следува според ОКД, поединци, вработени во овој ресор им се заканувале на директорите на установите од културата дека ќе добијат кривични пријави за злоупотреба на државниот буџет , ако ги направат пресметките за платите, што треба да се поделат деновиве, со целото покачување, се жалат од СКРМ на Фејсбук. Од таму ги повикаа надлежните да ги спречат , како што велат, овие девијантни појави и најавија јавно објавување на имињата на тие поединци , доколку продолжат со притисоците.

  • Овие поединци со години наназад активно работат против средувањето на работите во културата, посебно откако е потпишан Колективниот договор за култура. Ваквото однесување на поединци кои во следна прилика ќе бидеме приморани да ги објавиме јавно со име и презиме, не само што нема смисла , туку е и противзаконско, велат од Синдикатот за култура.

Од СКРМ велат и дека ќе бидат приморани против овие поединци да поднесат кривична пријава за поттикнување кривично дело и злоупотреба на службена положба, казниво со Закон.

За проблемите околу пресметката на мартовските плати реагираа од СКРМ, откако директори на повеќе национални устави преку Вајбер добиле од министерството Нацрт- решение за пресметка на платите, но во диспозитивот на документот, како што рекоа, ја немало одредбата од ОКД, каде на основицата за пресметка следува 10% покачување. Од министерството сега повторуваат дека мартовските плати на културните работници и уметници ќе бидат зголемени за 12%, и дека постојат струи на кои им пречи враќањето на дигнитетот на вработените во Културата, зашто сѐ уште има институции кои плаќаат тужби зашто во минатото зголемувале плати преку телефон, со одлуки на Управен одбор или дека систематизациите, правилниците и одлуките за вработување ги регулирале тие управни одбори.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Осигурителните компании до крајот на денот да ги вратат старите пониски цени на полисите за возилата

Дејан Дејан

Стомачни вируси и горнореспираторни инфекции – во ординациите „врие“ од заразени пациенти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе