Арсенал не препушта ништо на случајот: Столбот на одбраната добива побогат договор

Арсенал започна преговори со Габриел за нов договор, пренесуваат англиските медиуми. И покрај тоа што актуелниот договор на бразилскиот интернационалец е со важност и во следните две години раководството на „топчиите“ нема да остави простор ни за гласини за негово заминување од „Емирати“ во следниот период.

Дваесетишестгодишникот оваа сезона настапи на 46 натпревари во сите конкуренции и се наметна како незаменлив дел од одбраната на Арсенал која со 26 примени голови во Премиерлигата ја има „најцврстата“ одбрана сезонава.

Фудбалерот кој во дел од кариерата настапуваше и за вториот тим на Динамо Загреб пристигна во Лондон во 2020 година од редовите на Лил за 26 милиони евра. Сега неговата вредност според популарниот „Трансфермаркт“ е речиси утроена и изнесува 65 милиони евра.

Арсенал претходно ги продолжи договорите и на Салиба, Сака, Одегард, Мартинели, Вајт и Томијашу ставајќи дознење дека и во следните сезони ќе биде претендент за највисок пласман пред се во елитниот фудбал на „Островот“.

Се вчитува...